Ферари наскоро за прв пат ќе претстави два уникатни модели од кои застанува здивот

Точка

19/06/2019

16:40

2.509

Големина на фонт

а а а

Ферари се подготвува за познатата автомобилска манифестација „Гудвуд фестивал на брзината“ (Goodwood Festival of Speed) која ќе се одржи на почетокот од јули.

Неколку Формула 1 болиди и цела низа на автомобили на Ферари ќе блеснат во западен Сасекс, меѓутоа, главни ѕвезди на манифестацијата ќе бидат уникатните одели, дел од Ferrari Special Project Cars колекцијата.

Во Гудвуд, за првпат јавно ќе бидат претставени моделите P80/C и SP3JC, кои ќе учествуваат и во брзинска трка, а Британците ќе можат да уживаат и во премиерата на Monza SP2.


Инаку, моделот P80/C е базиран на Ferrari 488 GT3, а како што велат од италијанската компанија, тоа е најдолго развиваниот модел во историјата на Ферари. Верзијата 488 била избрана поради подолгото меѓуосовинско растојание кое обезбедило поголема „уметничка слобода“.

Другиот модел, SP3JC е базиран на F12 TDF – дизајниран е како ултимативен израз на превоз со отворен покрив кој потестува на култните V12 Spider модели од 50-тите и 60-тите години од минатиот век.


Овогодинешното издание на фестивалот во Гудвуд е посветено на шампионите и нивните машини, па така на Monza SP12 и тандемот на „уникатните модели“, друштво ќе им прават и Ф1 болидите од славните времиња на Ферари, кога Италијанците и Михаел Шумахер владееа на тркачките патеки.


Фестивалот на брзината во Гудвуд ќе се одржува од 4-ти до 7-ми јули.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk