Салата во која се колнат Грците, а изгледа незамисливо: Лубеница пржена на маслиново масло со фета сирење

Точка

19/06/2019

16:18

3.586

Големина на фонт

а а а

Оваа салата можеби делува премногу егзотично, но Грците ја обожуваат и речиси секојдневно ја консумираат.

Затоа, препуштете се на експериментирањето на кујната и испробајте ја и вие. 

Потребни состојки:

- лубеница од 2 килограми

- 200 грама фета

- 50 грама балсамико сос

- 100 милилитри маслиново масло

- морска сол

- бибер


Начин на подготовка:

1. Исчистете ја лубеницата и извадете ги семките. Исецкајте ја на мали коцкички.

2. Пропржете ги парчињата лубеница на маслиново масло (две минути од секоја страна).

3. Ставете ги парчињата во чинија, зачинете, додадете ги парчињата фета и прелијте со балсамико сос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг