Прекрасната Бразилка ги воодушевила фановите со бронзеното и извајано тело

Точка

19/06/2019

15:41

4.195

Големина на фонт

а а а

Светскиот топ-модел и позната бразилска убавица, Алесандра Амбросио жешките денови ги минува во Грција, а своите фанови ги израдувала со нови фотографии на Инстаграм.

Таа на оваа социјална мрежа споделила неверојатни сцени од прекрасниот остров Санторини. 

Оваа убавица често летува на егзотични дестинации, од каде секогаш не радува со секси фотографии.

Така било и сега. Манекенката на својот профил на Инстаграм објавила прекрасни фотографии од овој магичен остров и ги воодушевила фановите со своите совршено извајано и бронзено тело.

Инаку, љубовниот живот на оваа убавица подеднакво ја интересира јавноста, покрај информациите за тоа каде се наоѓа и што прави.

Имено, по десет години врска со милионерот Џејми Мазур, поранешната манекенка на Victoria’s Secret утеха пронашла во италијанскиот модел и дизајнер.

Со оглед на тоа дека Алесандра долго криела од јавноста дека се разведува, во март минатата година одлучила да ја обелодени таа информација, а кратко после тоа, во животот на Алесандра влегол Николо Оди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг