На прв поглед изгледаат како сцени од хорор филм, а еве за што станува збор

Точка

19/06/2019

15:22

1.874

Големина на фонт

а а а

Можеби бидејќи како деца гледавме премногу хорор филмови, а можеби и од вродена претпазливост - често гледаме опасност и онаму каде што нема потреба.

Признајте си себеси колкупати ви се случило од сенки на ѕид да видите чудовиште или од дрво во темница да видите напаѓач кој ви се прикрадува.

Екипата од „Bored Panda“ собрала фотографии кои ги преплашиле нивните читатели, сè додека не погледнале малку подобро.

„За малку ќе престанев да дишам од страв, а потоа сфатив дека тоа е шнола за коса.“


„Морам да ја најдам жената која ја обесила оваа облека.“


„Мислев дека гледам жена во униформа како се подготвува да скокне од зградата, па повикав полиција.“


„Влегов во соба и видов дека перниците и ќебето се вака замотани, па срцето ми застана.“

„Преспав кај мајка ми, и ова ме исплаши повеќе од што сум подготвен да признаам.“


„Другарка ми ги оставила чизмите да се сушат, а јас мислев дека таа виси од прозорецот на 11-ти кат.“


„Мојата сопруга го ставила јорганот преку столицата за да се исуши.“


„Добив мал срцев удар кога го видов ова. Таа нашла дупка во трамболината и мисли дека ова е урнебесно.“


„Сериозно се исплашив од ова. На крајот се испостави дека е кукла.“


„Се исплашив од сопствената ламба.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг