"Ќе излечам и рак и сида ако ме изберете повторно за претседател"

Точка

19/06/2019

15:55

2.305

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја започнал кампањата за следниот претседателски мандат во Флорида, ветувајќи и на нацијата нешто што никој не ветил досега.

"Ќе ги преместиме границите на медицината и ќе излеземе со лекови за многу проблеми и болести, вклучувајќи и канцер и други, кон што и се ближиме. Ќе ја истребиме сидата во Америка, и до тоа сме блиску. Ќе поставиме основи за слетување на Марс", рекол Трамп на еден и пол час долгиот митинг во Центарот "Амвеј" во Орландо. 

"Овие избори ќе бидат пресуда за тоа дали ќе живееме во држава каде луѓето губат избори, одбиваат тоа да го признаат и ги минуваат наредните две години во обид да го уништат нашиот Устав и да ја уништат нашата земја", порачал тој, алудирајќи на извештајот на комисијата на Милер.

"Заедно го натеравме расипаниот политички естаблишмент да отстапи и да му ја врати власта на народот. Додека го држите овој тим на место, на добар пат сме. Нашата иднина никогаш не изгледала посветло", порачал американскиот претседател и предизвикал овации. За Демократската партија рекол дека "сака да ја уништи земјата, но дека тоа нема да се случи".

"Веруваме дека нашата земја треба да биде прибежиште за граѓаните кои ги почитуваат законите, а не за криминалните странци", додал тој, нарекувајќи ги демократите радикална левичарска мафија која во САД би довела социјализам.

"Гласот за било кој демократ е глас за радикален социјализам и уништување на американскиот сон", порачал тој.

"Минавме низ најголемиот лов на вештерки во политичката историја. Сето тоа беше илегален обид за поништување на резултатите од изборите", додал Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг