Научниците тврдат: Сиромаштијата предизвикува мигрена

Точка

19/06/2019

09:27

1.333

Големина на фонт

а а а

„Дали сте или не сте материјалисти, недостатокот на пари секако ќе ве погоди“ - изјавија научниците од Универзитетот во Бостон.

Врз основа на истражувањето кое го спровеле, тие заклучиле дека финансиските проблеми се предизвикувачи на стрес, а тоа е причина за здравствени проблеми. Тие многу често знаат да бидат сериозни.


Луѓето кои ги мачи сиромаштијата имаат поголема шанса да доживеат срцев или мозочен удар, докажува истражувањето. Напнатоста на грбните мускули ја чувствуваат 65 отсто од луѓето кои имаат финансиски проблеми.

Речиси 30 отсто од испитаниците изјавиле дека поради финансиски проблеми добиле чир на желудник, додека пак 8 отсто од нив кои не се загрижени поради парите имаат идентични проблеми.


Од мигрена страдаат дури 44 отсто од луѓето кои се под стрес поради недостаток на пари, а само 4 отсто од луѓето без такви проблеми имаат страшни главоболки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг