Историска заплена на кокаин: Пронајдоа 16 тони дрога со вредност од милијарда долари!

Точка

19/06/2019

14:05

2.996

Големина на фонт

а а а

Американските федерални служби на пристаништето во Филаделфија запленија неверојатни 16,5 тони кокаин, чија што вредност се проценува на повеќе од една милијарда долари.

Канцеларијата на државното обвинителство за источниот округ на Пенсилванија, ја потврди големата заплена на дрогата и откри дека стнува збор за најголемата заплена на дрога во историјата.

„Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Пенсилванија. Членовите на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата и натаму е во тек“, соопштија од обвинителството.

Дрогата сместена во седум големи бродски контејнери била пронајдена доцна во понеделникот, а локалните медиуми пренесуваат дека уличната вредност на запленетата дрога се проценува на повеќе од една милијарда долари.

Истражителите веруваат дека кокаинот бил натоварен на товарниот брод на Бахамите, или пак откако пловилото го напуштило пристаништето на тие острови. Инаку, тој брод во САД пристигнал од Чиле, преку Панама и Бахамите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг