Пејачката ја офарбала косата речиси до непрепознатливост, а еве зошто

Точка

18/06/2019

20:42

4.647

Големина на фонт

а а а

Славната пејачка, Тејлор Свифт, со години има речиси иста фризура и со својата коса не експериментира многу.

Меѓутоа, сега за потребите на снимањето на спотот „You need to calm down“, ја обоила косата, па нејзините убави руси прамени станале розови, виолетови, сини, жолти...

Шишките исто така ги променила, па сега има т.н. pin-up шишки до половина чело.

Тејлор песната ја посветила на ЛГБТ заедницата. Во спотот се појавуваат и бројни познати личности, како Кејти Пери, Елен Деџенерис и Рајан Рејнолдс.

Многу статисти исто така биле преправени во познати дами од музичката сцена, на кои таа преку овој гест сакала да им оддаде почит за сè што прават.



Спонзорирани линкови

Маркетинг