Одиме кон нуклеарна војна: Најопасното оружје на светот е сè поразорно: Загрижувачко истражување за атомските бомби! Ги има сè помалку, а се сè поопасни

Точка

18/06/2019

21:01

3.994

Големина на фонт

а а а

САД и Русија го модернизираат арсеналот и одбиваат било какви преговори за контрола во вооружувањето, додека Пакистан и Индија ги собираат своите боеви глави на границата.

Планетата е на работ на нуклеарна војна - Америка и Русија го раскинале Договорот за елиминација на ракети со среден и краток дострел (INF) од 1987-ма година, Пакистан и Индија собираат атомски бомби на границата, а Северна Кореја го прогласила нивниот развој за приоритет во одбрана на земјата. 

Освен тоа, атомското и хидрогенско оружје е се помодерно и поопасно, покажува овогодишното истражување на Меѓународниот институт за истражување на мирот (SIPRI) со седиште во Стокхолм.

Деветте земји со нуклеарно оружје (САД, Русија, Франција, Велика Британија, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја) во 2018-та година го намалиле бројот на нуклеарни глави од 14.465 на 13.865. Меѓутоа, таа вест е добра само ако на неа се гледа површински.

Лоши вести

"Клучниот заклучок на нашето истражување е дека бројот на нуклеарни ракети е намален, но дека сите држави продолжиле со модернизација на својот нуклеарен арсенал", рекол Јан Елијасон, амбасадор на SIPRI.

Како што се наведува во истражувањето, во арсеналите на САД и Русија влегува дури 90 проценти од нуклеарното вооружување во светот и тие се и најзаслужни за намалувањето на бројот на нуклеарки. Меѓутоа, 3.350 се подготвени за лансирање, а околу 2.000 се во состојба на висока приправност.

"Новиот договор за понатамошно намалување на вооружувањето истекува во 2021-ва година, а двете суперсили воопшто не преговараат за негово продолжување или за нов договор. Шансата за договорено намалување на американскиот или рускиот нуклеарен арсенал е помала во секој момент, поради политичките и воени разлики меѓу двете земји", рекол Шенин Киле, автор на истражувањето и директор за контрола на нуклеарното вооружување во SIPRI.

Двете земји вложуваат многу пари и труд во модернизацијата на самите нуклеарни глави, ракети и авионски системи за нивно користење. Како што се наведува во извештајот, одлуката на лидерот на САД, Доналд Трамп, да се повлече од INF, ја закомпликувала ситуацијата, а Русија развила лансери за ракети кои биле забранети.

Опасен тренд

Киле укажал на загрижувачкиот тренд на зголемување на нуклеарниот арсенал во Кина, Индија и Пакистан.

"Индија и Пакистан ги зголемуваат опасните материјали и продукцијата, што ќе доведе до драстично зголемување на атомскиот арсенал во наредната деценија", наведува тој.

Иран може да направи нуклеарно оружје

Иран во наредните 10 дена ќе ја пробие границата на резерви на ураниум поставена со меѓународниот нуклеарен договор меѓу Техеран и големите сили, изјавил вчера портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехруз Камалванди и додал дека таа земја има потреба за ураниум збогатен до 20 проценти, што е само чекор од нивото потребно за изработка на нуклеарно оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг