Јапонија во страв од цунами: По силниот земјотрес издадено предупредување за западниот брег

Точка

18/06/2019

20:16

2.527

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер, го погоди западниот брег на Јапонија. Издадено е предупредување за цунами. Сè уште нема информации за потенцијални жртви.

Државната метеоролошка агенција предупреди за цунами од 0,2 до еден метар должина покрај северозападниот брег на најголемиот остров Хоншу.

Земјотресот, според USGS траел околу 20 секунди и предизвикал свлечиште на патот, известила јавната телевизиска мрежа НХК.

Земјотресот се случил во 22:22ч. по локално време, со длабочина од 12 километри, пренесуваат од USGS.

Безбедносните претставници веднаш после земјотресот го запреле железничкиот сообраќај и затвориле некои автопати во регионот, а агенцијата „Kydodo News“ известила дека 10.000 домови останале без струја.

„Ќе соработуваме со локалните власти за да ги осигураме неопходните мерки за заштита, вклучувајќи ги и операциите за спасување, и им наложивме на службениците да ја информираат јавноста навреме“, изјавил портпаролот и генералниот секретар Јошихид Суга на прес-конференцијата.

##https://twitter.com/sironekopopai/status/1140978860168642561##

Цунамито до еден метар може да предизвика поплави и оштетувања во долните крајбрежни области и долж бреговите на реката, но повеќето јапонски брегови се заштитени со морски ѕидови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг