Томас Милер добил неверојатна понуда која што тешко се одбива, но…

Дерби

18/06/2019

17:15

2.251

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Томас Милер кој веќе 19 години е во редовите на Баерн Минхен добил неверојатна понуда за продолжување на својата кариера.

На адреса на искусниот германски фудбалер пристигнала понуда од неименуван кинески клуб кој бил подготвен да му плати неверојатни 25 милиони евра по сезона, или околу 480.000 евра неделна плата.

Сепак, офанзивецот на Баерн Минхен веројатно ќе ја одбие понудата затоа што не бил заинтересиран кариерата да ја продолжи во Кина и ќе остане барем уште една сезона во баварскиот клуб.

Милер има договор со Баерн Минхен до 2021 година, а сезонава што измина во шампионот на Германија на 46 средби постигна девет погодоци и запиша 16 асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг