Galaxy Fold ќе пристигне после Note 10

Точка

18/06/2019

17:31

1.503

Големина на фонт

а а а

Според најновите информации, првиот флексиблен телефон на Самсунг нема да пристигне заедно со Galaxy Note 10.

Од Самсунг наводно уште еднаш ќе го одложат пуштањето во продажба на својот флекбилен телефон, открил претставник на компанијата во разговор со “The Korea Herald”. Тоа значи дека гласините кои овие денови се појавија, според кои Galaxy Fold ќе биде пуштен во продажба заедно со Note 10, не се точни.

„Во случај телефонот да требаше да биде пуштен во продажба во јули, подготовките веќе требаше да имаат започнато. Но, ништо не се случи уште од првото одложување кое се случи во април“, открил изворот од јужнокорејската компанија.


Според досегашните гласини, Galaxy Fold би можел да пристигне на пазарот најрано во септември оваа година, односно заедно со Galaxy Note 10. Сепак, мала е веројатноста за такво нешто дури и Galaxy Fold да биде целосно подготвен за пуштање во продажба, затоа што јужнокорејската компанија нема да сака истовремено на пазарот да пласира два свои телефони.

Инаку, Galaxy Fold требаше да пристигне на 26-ти април, но од Самсунг го одложија тоа откако бројни ЈуТјубери кои го добија телефонот за тестирање, пријавија бројни проблеми со екранот.


Директорот на јужнокорејската компанија ДиЏеј Кох неодамна порача дека флексибилниот телефон „нема премногу да доцни“, но засега никој не знае точно кога Galaxy Fold ќе пристигне во продажните салони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг