BMW наскоро ќе произведе целосно нови „М“ модели

Точка

18/06/2019

18:49

3.146

Големина на фонт

а а а

„М“ дивизијата на BMW има интересни планови за во иднина, а станува збор за развој на повеќе од еден целосно нов модел.

Љубителите на BMW беа разочарани од одлуката на Баварците да се откажат од V12 моторот и развој на нов суперавтомобил, но шефот на „М“ одделението, Маркус Флаш најави можна експанзија на спортското портфолио на германскиот гигант.

Имено, моментално во компанијата се разгледувала можноста за лансирање на самостоен модел, кој нема претходник и не е базиран на ниту еден постоечки модел. Тоа што е интересно што не станува збор за развој на само еден, туку на повеќе модели од „М“ спортското семејство.


Со оглед на тоа што проектот е во рана фаза на развој, засега нема повеќе детали. Сепак, извор близок до случувањата во „М“ дивизијата, за австриски магазин изјави дека во BMW сега се анализирале повеќе каросериски стилови. Покрај тоа, се дебатира околу погонскиот систем, односно дали во понудата да има бензински, или тоа да бидат чисто електрични модели.

За што и да се одлучат, самостојниот „М“ модел ќе биде со „соодветен карактер и комбинирана прецизност, агилност и луксуз“, изјави Флаш.


„Никого не копираме, туку ги правиме работите на свој начин. Овие нови „М“ автомобили најверојајтно нема да бидат позиционирани над „М8“ моделот кога станува збор за цената“, изјави Флаш.

Со ваквата одлука, аналитичарите сметаат дека BMW сака подобро да им се спротистави на своите ривали, конкретно на Mercedes-AMG, кој во своето портфолио има GT модели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг