На Ангела ѝ се слошило на црвениот тепих: Погледнете колку се тресела Меркел на дочекот на Зеленски! Одвај издржала на нозе додека свирела химната

Точка

18/06/2019

16:24

5.568

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел изгледала како да не ѝ е добро и се тресела додека денес во Берлин го дочекувала украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Меркел стоела покрај Зеленски на сонцето додека воен бенд ги свирел химните на Германија и Украина, кога почнала да се тресе. 

Меѓутоа, како што наведува "AP", по интонирањето на химната, Меркел делувала подобро, а потоа брзо минала по црвениот тепих со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влегувањето застанала да се поздрави со воениот бенд. Канцеларката на прес конференција рекла дека се чувствува добро.

"Од тогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро", рекла Меркел.

Таа, еден час по состанокот со Зеленски, на заедничка прес конференција рекла дека разговарале за билатерални прашања и за мировниот договор од Минск.

Германската канцеларка полни 65 години наредниот месец, а не е познато дека има било какви здравствени проблеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг