Најстарата личност во Европа почина во 117-тата година

Точка

18/06/2019

16:29

1.705

Големина на фонт

а а а

Поранешната кројачка Ана Вела Рубио, најстарата личност во Европа, умреле во петокот во дом за пензионери во Барселона, во моментот кога имала 116 години 47 дена.

Последните четири месеци со неа, во истиот дом, живеела и нејзината 90-годишна ќерка. 

Ана Вела Рубио е родена на 29-ти октомври 1901-ва година во градот Пуенте Хенил, во близина на Кордоба, а од 40-тите години на минатиот век живеела во Каталонија.

Таа ја преземала круната за најстара Европејка кога, на 15-ти април оваа година, починала Италијанката Ема Морано, која била стара 117 години и 137 дена.

Со смртта на Ана Вела Рубио, најстара Европејка станала уште една жена од Медитеранот, Италијанката Џусепина Проџето, која има 115 години и 200 дена.

Најстарата личност на светот моментално е Јапонката Наби Тајима, која има 117 години и 134 дена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг