Рафиња после седум месеци се враќа на терените

Точка

18/06/2019

15:05

1.060

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер Рафиња Алкантара не настапуваше за Барселона уште од ноември минатата година кога претрпе тешка повреда.

Рафиња ги повреди лигаментите на коленото на дуелот против Атлетико Мадрид и паузирашее седум месеци. Но, Бразилецот денес ги поминал лекарските прегледи и добил зелено светло за почнување со тренинзите.

Тоа значи дека Рафиња ќе се врати на терените пред самиот почеток на подготовките за новата сезона, иако не е познато дали ќе остане во Барселона или ќе се пресели во некој друг клуб.

Рафиња пред да се повреди порача дека сака да го напушти клубот поради малата минутажа, но повредата ги поремети неговите планови за напуштање на „Камп Ноу“ во јануарскиот преоден рок.

Слични проблеми со повредата на лигаментите на коленото Рафиња имаше и пред неколку години кога пропушти речиси една цела сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг