Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

Макфакс

18/06/2019

15:02

311

Големина на фонт

а а а

Просторот околу јамата во дворот на училиштето „Вера Јоциќ” во скопската населба Хиподром е обезбеден со заштитна ограда, соопшти Општина Гази Баба.

,,Дезинформација и невистина е веста дека просторот каде се вршат градежни дејствија во училишниот двор на ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром не е заштитен со ограда. Во интерес на подобро информирање на јавноста сакаме да ве известиме дека просторот каде се извршуваат градежни зафати за изведба на толовод кон зградата на училиштето Вера Јоциќ е целосно затворен со заштитна ограда. За жал во повеќе наврати од страна на училиштето е пријавено дека истата од страна на непознати сторители е оштетувана, при што веднаш се врши нејзина санација”, се вели во реакцијата на општината, во врска со текстот ,,Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг