Кремљ: Реториката на Зеленски за Русија слична на онаа на Порошенко

Макфакс

18/06/2019

14:59

1.422

Големина на фонт

а а а

Реториката за Русија на новиот украински претседател Володимир Зеленски е слична на онаа на неговиот претходник Петро Порошенко, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Ние внимателно го следиме ова и сме согласни со ставот, кој сега се оформува, дека овие позиции се слични“, рече Песков на барањето да ги коментира изјавите на Зеленски за Русија.

Песков исто така рече дека Путин ќе ги најде вистинските зборови за Зеленски ако се одржи нивниот состанок.

Според Песков, тој наишол на едно од интервјуата на Зеленски во кое украинскиот лидер вели дека веќе има фраза за да почне потенцијален состанок со рускиот лидер.

„Претседателот Путин секогаш ги почнува своите состаноци со најсоодветни зборови. Ако се одржи таков состанок со Зеленски, јас не се сомневам дека Путин ќе ги употреби вистинските зборови“, истакна Песков.

Во интервјуто за германски „Билд“, Зеленски бил прашан што би му рекол на Путин ако одржи средба со него. Украинскиот претседател рекол дека ќе му нагласи оти Крим и Донбас се дел од Украина.

„Што се однесува до Донбас, тој треба да зборува за тоа со жителите на Донбас, а не со Путин. Што се однесува до Крим, нема што да се зборува“, истакна портпаролот на Кремљ, Песков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг