Хајди Клум изгледа одлично во кежуал аутфит кој никогаш не излегува од мода

Точка

18/06/2019

14:31

1.937

Големина на фонт

а а а

Поранешната манекенка уште еднаш потврди дека модата не познава старосни граници.

Хајди на аеродромот во Лос Анџелес пред папараците позирала во ултимативен кежуал аутфит кој носи безвременски потпис. Станува збор за искинати фармерки, предимензионално сако налик на палто и кошула со впечатлив принт.

Целокупниот изглед, Хајди го надополнила со црни чевли со рамна платформа, голема кафена торба и очила за сонце со сини, полутранспарентни стакла кои веќе втора година се едни од најпопуларните модни додатоци.


Иако многу жени во петтата деценија од животот веројатно не би се осудиле да облечат искинати фармерки, оваа легендарна манекенка покажа дека тие и тоа како можат да се вклопат во кежуал аутфит кој е прикладен буквално за секоја дама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг