Јасно е кој ги нападна танкерите: Пентагон објави нови фотографии кои докажуваат дека Иран стои зад нападот

Точка

18/06/2019

21:59

8.417

Големина на фонт

а а а

Од Пентагон објавија нови фотографии за кои тврдат дека ја докажуваат иранската одговорност за нападот на јапонскиот танкер во Оманскиот залив.

Американците објавија нови фотографии за кои тврдат дека ги прикажуваат припадниците на Иранската револуционерна гарда, како од трупот на јапонскиот танкер “Kokuka Courageous” отстрануваат една мина која што не експлодирала.

Според Пентагон, Иранците биле „фатени на дело“ додека ги прикривале доказите на еден од двата танкери кои беа нападнати во водите на Оманскиот залив на 13-ти јуни, додека истовремено од Техеран негираат дека нивните сили извршиле било каков напад на танкерите.

Првата снимка која американската армија ја објави беше прилично матна и не можеше да се види што точно се отстранува од бродот. Меѓутоа, на овие фотографии појасно се гледа штетата која настанала на трупот на бродот и дел од мината.

Во соопштението на Централната команда на американската армија е наведено: „Иран е одговорен за нападот. Нашето видео и фотографиите го потврдуваат тоа, нивните сили се обидоа да отстранат една мина која што не експлодирала“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг