Израелците убедени: Америка се подготвува за бомбардирање на Иран, во Обединетите нации веќе го знаат тоа

Точка

18/06/2019

13:49

4.316

Големина на фонт

а а а

Американската администрација ја разгледува идејата за бомбардирање на стратешки објекти во Иран, поврзани со иранската нуклеарна програма, тврди „Ерусалим Пост“, повикувајќи се на дипломатски извори од Обединетите нации.

„Станува збор за бомбардирање која ќе има една, конкретна цел“, пренесува израелскиот весник.

„Ерусалим Пост“ меѓу другото тврди дека во целата приказна се вмешани и високи воени функционери, претставници на Пентагон и советници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Оваа одлука била тема на разговор во Белата куќа и пред иранските власти да порачаат дека ќе го зголемат производството на ураниум и ќе ја надминат границата која што беше поставена во иранскиот нуклеарен договор.

Самиот претседател на САД, Доналд Трамп, како што пренесува „Ерусалим Пост“, не покажувал ентузијазам за решавање на иранскиот проблем по воен пат, но сепак би можел да се согласи со советите кои ќе му ги дадат државниот секретар Мајк Помпео и советниците за национална безбедност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг