Бали, куќичка на дрво и океан за совршен одмор

Точка

18/06/2019

13:36

4.834

Големина на фонт

а а а

Доколку сакавте да го посетите Бали, но тоа не можевте да си го дозволите, тогаш оваа информација ќе ви биде корисна: ноќта можете да ја преноќите за само 30 евра.

Куќата на дрво се наоѓа на карпата од каде гостите имаат фантастичен поглед кон океанот, а опкружението е прекрасното зеленило.


Во оваа куќичка на дрво се остваруваат сите соништа од вашето детство. Замислете дека се будите и го чувствувате свежиот воздух, мирисот на дрвјата и го слушате црцорот на птиците. Гледање на изгревањето и заоѓањето на сонцето е неверојатно искуство. Во Индонезија може да ги остварите вашите соништа затоа што најдовме егзотична куќичка на дрво во која може да си преноќите.


„Зборовите не се доволни за да се опише оваа убавина. Домаќините се прекрасни, ќе се вратиме тука“ - изјавил некој од гостите.

„Ова е најубавото место на кое некогаш сум бил. Не е лесно да се стигне до тука,но дефинитивно вреди. Не мислев дека ќе биде вака, пријатно сум изненаден. Храната е одлична, а персоналот гостопримлив“ - ова се зборовите на некој друг гостин.


„Погледот е незаборавен, убаво е да заспиеш покрај океанот во минималистички услови. Нема да најдете поубав поглед, изгревањето на сонцето е феноменално“ - изјавил уште некој задоволен гостин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг