Легендарниот Креспо ги подбра Меси и Агуеро: Аргентина не може да најде баланс поради нив двајца…

Дерби

18/06/2019

12:57

1.708

Големина на фонт

а а а

Аргентина претрпе шокантен пораз од 2:0 од Колумбија на стартот на Копа Америка, а повеќе од поразот боли безидејната игра која уште еднаш ја прикажаа „гаучосите“.

Секогаш се очекува многу од аргентинската репрезентација, меѓутоа како и на Мундијалот во Русија, така и сега, Аргентина посебно потфрли.

По првиот натпревар против Колумбија, со коментар се јави и легендарниот Ернан Креспо кој даде свое видување за актуелните состојби во репрезентацијата.

– Аргентина не може да најде баланс во играта затоа што има двајца играчи кои воопшто не помагаат дефанзивно, а тоа се Меси и Агуеро. Во нападот на противникот му задаваат големи проблеми, но кога треба да се вратат во одбрана тогаш само шетаат по теренот. Тие се нашите најважни играчи, но мора да помагаат и на одбраната за да има баланс во играта. Не покриваат доволно добро во дефанзива и поради тоа противникот доаѓа блиску до голот без никаков труд. Ако сакаме да изгледаме сериозно, мора да го поправиме тоа, - истакна Креспо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг