Родриго: Го имав Азар како позадина на телефонот!

Макфакс

18/06/2019

12:53

1.352

Големина на фонт

а а а

Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго Гоеш открива дека уште не му се верува дека ќе игра со белгискиот ас Еден Азар, бидејќи кога бил помлад го имал Белгиецот како фотографија на позадината на неговиот телефон.

18-годишниот Бразилец доаѓа од Сантош и е релативно непознат за љубителите на европскиот фудбал и во интервју за „Марка“ вели дека и покрај тоа што е импресиониран што ќе биде соиграч со фудбалери како Еден Азар ќе се обиде да се вклопи во тимот.

„Најголем идол ми е Азар. Тој е фудбалер кој секогаш сум го следел. Кога бев помлад тој ми беше на позадината на телефонот. Замислете, а сега ќе играм со него! Тука се и Карим Бензема и Винисуис Жуниор, двајца феноменални напаѓачи. Ќе бидам многу нервозен кога ќе се сретнам со Азар, но едвај чекам“, вели Родриго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг