Егзотика која се крие во срцето на Медитеранот ја претставува најдобро чуваната тајна во Италија

Точка

18/06/2019

11:17

3.605

Големина на фонт

а а а

Дефинитивно едно од најубавите места на светот. Сардинија е преубаво место со прекрасна клима, преубави плажи и море, меѓутоа тоа што веројатно ја издвојува од останатите места е гостопримливоста на жителите кој вашиот одмор ќе го направат незаборавен.

Сардинија се наоѓа на Медитеранот, на западното крајбрежје на Италија. Островот е популарен и меѓу Италијанците, но и меѓу туристите од останатите делови на светот. Тука може да уживате во префинетоста на Коста Смералде, но и во руралните планини кои го красат овој остров. За плажите и одморалиштата веројатно не треба да се трошат зборови. Многу работи ги привлекуваат туристите во Сардинија: плажи, одморалишта и градовите кои изобилуваат со историја.


Можеби најубаво е дефинитивно гратчето Алгеро кое се издвојува по присуството на каталонските малцинства. Во него сè уште можат да се видат примери од архитектурата од 16-от век, а седум кули кои во минатото се користеле за одбрана на градот и понатаму се доминантни во ова гратче.

Центарот на градските случувања е пристаништето каде што се завршуваат речиси сите работи, таму се наоѓаат рибарски чамци, барови и места во кои може да јадете. Недалеку од градот се наоѓа Порто Конте со своите прекрасни плажи и импресивните остатоци од Палмавера Нурага.

Од многуте плажи во Сардинија, неколку од нив се издвојуваат.


Коста Смералда или „Смарагдното крајбрежје“ е омилено место за богатите и популарните луѓе. Убавината на овие плажи тешко е да се надмине, а крајбрежјето е преполно со интимни места на кои плажите се во бело-розова боја.

Тука се наоѓа и Архипелагот La Maddalena кој е направен од 27 острови од кои секој еден е национален парк. Преполни со културните знаменитости и одличните места за купување и ресторани и една од најдолгите плажи во Сардинија, овие места ќе ве маѓепсаат. 


Портобело се наоѓа на северното крајбрежје од островот и се смета за најромантичното место во Сардинија. Градот има идеални плажи за пливање.

Меѓутоа, тоа што ќе ве освои во Сардинија е кујната. Храната е базирана на морски плодови, а многу популарна е зачинетата рибја чорба Burida како и јастог, ракови и лазањи. Секако не може без популарната паста и локалната комбинација на њоки прелиени со совршени сирења.





Спонзорирани линкови

Маркетинг