Судир во ЕУ околу почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Макфакс

18/06/2019

21:59

9.599

Големина на фонт

а а а

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почеток на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, а според последниот заеднички извештај до кој агенцијата „Ројтерс“ имала пристап, одлуката за двете земји може да биде одложена до октомври, до кога германскиот Парламент ќе го разгледува ова прашање.

За време на вчерашниот состанокот, претставниците на Кипар се заканиле дека ќе стават вето на секој договор за проширување, доколку ЕУ не го заостри својот став кон Турција во врска со истражувањата за природен гас во источниот Медитеран, пишува британската агенција.

Министрите од 28 земји-членки ќе се состанат денеска за да разговараат за почетокот на официјалните преговори за членство на двете балкански држави.

„Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите-членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат“, изјавиле дипломатски извори од ЕУ.

Кипар се заканил дека ќе го блокира целиот текст кој се однесува на иднината на сите земји кои имаат аспирации за влез во Унијата, меѓу кои се и балканските земји, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, доколку не се реши проблемот со Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг