Носел “Џорданки”, бил опседнат со кошарка и имал пиштол веќе на 11 години: Севернокорејскиот лидер имал необично детство

BalkanInsight

18/06/2019

10:18

4.423

Големина на фонт

а а а

Детството на еден од најконтроверзните лидери во светот, Кин Јонг Ун, било потполна спротивност на неговиот денешен начин на живот и ставови. Тој по своите интереси и школување повеќе наликувал на просечен тинејџер од Западот отколку на човек кој денес владее со една од најзатворените држави во светот.

На 12-годишна возраст бил испратен во престижно приватно училиште во Берн, Швајцарија, каде се истакнувал со необични работи, открива најновата книга за Ким. 


Така на пример, на само 7 години научил да вози модифициран автомобил кој го добил како подарок од својот татко, а бил агресивен кон своите соученици кога ги слушнал како зборуваат на германски јазик, со оглед на фактот што имал потешкотии во учењето на тој јазик.

На само 11 години, шетал наоколу со оружје за појас – колт 45, а имал сè што би посакало едно дете на таа возраст како флипери, игри Супер Марио итн.


Омилени филмови му биле Џејмс Бонд, Дракула и Бен Хур, а новата етапа започнала на 12-годишна возраст. Тој под името Пак Ун е испратен на школување во престижна школа во Берн. Бил опседнат со кошарка и постојано носел брендирани тренирки.

Љубов кон кошарката

Штом завршувал училишниот ден, секој ден во 17 часот Ким трчал кон кошаркарскиот терен во своето училиште или во средното училиште во градот Лербермат во близина.

Секогаш ја носел истата облека за кошарка – автентичен Чикаго Булс дрес со бројот на Мајкл Џордан – 23, шорцеви и пар “Џорданки”. Топката со која играл исто така била врвна – Спалдинг со официјалната ознака НБА.


Бил сериозен на теренот, едвај се смеел и зборувал, само се фокусирал на играта. Неговиот престој во Европа му овозможил да се сретне со великаните на кошарката. Го посетил Париз за да ја види изложбата на НБА и имал фотографии со Тони Кукоч од Чикаго Булс и Коби Брајант од Лејкерс. Се смета дека љубовта кон спортот ја добил од својата мајка Ко Јонг-хуи, а честата изрека кои мајките им ја кажувале на своите синови во Јужна и Северна Кореја е дека ќе пораснат високи ако играат кошарка.

Ким и како дете бил низок, а денес често носи чевли со невидлива платформа за да додаде неколку центиметри на својата висина.


Мајката на Ким дошла во Швајцарија со пасош под името Чонг Ил-сон и била пријавена како членка на севернокорејската мисија во Обединетите Нации во Женева, но Швајцарците точно знаеле која е таа. Меѓутоа, две години од нејзиното пристигнување во Швајцарија, животот на Ким Јонг Ун му се превртел наопаку. На Ко Јонг-хуи ѝ бил дијагностициран прогресивен рак на дојката и морала да замине во Франција на лекување.


Негови старатели биле неговата тетка и тетин чиј однос со режимот започнал да слабее, како и нивните привилегии.

Мајката на Ким живеела уште 6 години, до 2004 година кога починала во Пaриз. Роднините на Ким Јонг Ун побегнале во амбасадата на САД и побарале азил заедно со своите три деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг