Вознемирувачка фотографија од глобалното затоплување: Кучиња влечат санка по стопениот Гренланд

Точка

18/06/2019

10:07

2.994

Големина на фонт

а а а

Метеорологот Стефен Олсен од данскиот метеоролошки завод бил на рутинска мисија на северо-запад од Гренланд, во склоп на која требало да собере метеоролошки инструменти кои ги поставиле неговите колеги, а тој наишол на голем проблем, пишуваат од Си-ен-ен.

Тој не можел да ја види апаратурата затоа што наместо на очекуваната бела прекривка наишол на голема количина вода, односно стопен леден покров од Гренланд.

Кучињата стојат во светло-сината вода

Ја снимил таа сцена, а неговата фотографија на која се гледа како кучињата ја влечат санката и стојат до глуждовите во длабоката светло-сина вода стана вирална. Најверојатно ќе биде вклучена меѓу другите познати фотографии кои ги прикажуваат последиците од глобалното затоплување, како оние изгладнети поларни мечки, моржови или испуканата земја под исушените езера.

Олсен на Твитер предупредил дека автохтоните заедници на Гренланд “се ослонуваат на замрзнатото море за превоз, лов и риболов“. Тој смета дека прво нив ќе ги погодат последиците од топењето на мразот, но и дека размерите на катастрофата нема да бидат ограничени само на Гренланд или Северна Америка.

Опишал како изгледало тоа

Олсен оваа алармантна фотографија ја направил на 13-ти јуни околу пладне по локално време.

Напишал на Твитер дека кучињата во тој момент се наоѓале на 1.2 метри дебел морски мраз кои го преплавиле стопените површински води.

Оваа година е посебно алармантна

Летната сезона на топењето на мразот на Гренланд обично трае од јуни до август, со тоа што најмногу од замрзнатиот покров привремено исчезнува во јули, кога е најтопло. Но, оваа година Гренланд веќе на почетокот на јуни изгубил масивен дел од својата замрзната површина, околу 40 отсто.

Научниците веќе со месеци предупредуваат дека оваа година може да дојде до масовно топење на мраз на најголемиот остров на светот, а првите резултати укажуваат на тоа дека се во право.

Проблемот е во тоа што резултатот е кумулативен, односно расте. Што повеќе мраз се стопи во раното лето тоа уште повеќе ќе исчезнува во наредните недели. Оваа реакција се случува затоа што белиот снег и мразот рефлектираат сончеви зраци во вселената, а со тоа ја намалуваат количината на апсорбираната топлина и го оддржуваат мразот ладен. Што помалку мраз, тоа помалку топлина се рефлектира и замрзнатата површина се повеќе се топи.

Пораст на нивото на морето

Сето тоа може да влијае на појава на една од најголемите опасности од глобалното затоплување - значаен пораст на нивото на морето. Доколку дојде до тоа, милиони луѓе кои живеат на крајбрежните подрачја ќе мора да ги напуштат своите домови.

Според студиите, заради топењето на мразот на Гренланд, од 1972-та година до денес, глобалниот пораст на морето е 13.7 милиметри. Замрзнатата површина од овој остров  е најголемиот извор на вода која секоја година се придодава на океаните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг