Лејди Гага страстно го бакна трубачот на нејзиниот настап: Фановите се во шок

Точка

18/06/2019

09:13

6.211

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага повторно успеа да ги шокира своите обожаватели. Таа во текот на нејзиниот настап во Лас Вегас, страсно го бакнала трубачот од бендот со што повторно привлече внимание и лавина коментари.

Пејачката цело време го држела за рака и нежно му ја пеела песната „Darling Kiss Me“.

„Ова не е ништо посебно. Гага е изведувач и тоа беше испланирано и безопасно. Тоа едноставно е дел од нејзиниот настап. Таа и Брајан се знаат повеќе години и многу добри пријатели се“ - изјавил некој од пријателите на Гага за американските медиуми.

##https://twitter.com/gagadaily/status/1140263922055954433##

И додека нејзините фанови коментират како нивната омилена пејачка конечно нашла “нормално“ момче, другите луѓе сметаат дека сето ова е шоу.

„Оваа жена ќе направи сè само за да биде центрар на вниманието. Не е доволно што уништи една љубовна врска, сега се обидува да “украде“ оженет маж“ - некои од коментарите под видеото.


Пред четири месеци Лејди Гага ја раскина веридбата со музичкиот менаџер Кристијан Карин (50), а нејзините фанови веднаш почнаа да нагаѓаат дека можеби причината за тоа е американскиот актер Бредли Купер (44).




Спонзорирани линкови

Маркетинг