Геј кандидат за претседател на САД: „Не би бил прв во Белата куќа“

Точка

17/06/2019

20:17

3.082

Големина на фонт

а а а

Еден од кандидатите за претстојните претседателски избори во САД, Пит Бутиџеџ (37), не само што би можел да стане најмладиот претседател во историјата на таа земја туку и првиот претседател кој отворено призна дека е хомосексуалец, а тој самиот истакнува дека верува дека не би бил првиот геј претседател.

Тој во интервју за „HBO“ на критиките дека е „премлад, премногу либерален и премногу геј“ за да биде првиот човек на државата, одговорил дека ќе објасни каде сака да ја води државата, пренесуваат од „CBS News“.

„Луѓето ќе бираат човек кој ќе биде најдобриот претседател. Имавме одлични претседатели кои беа млади, имавме одлични претседатели кои беа либерални. Претпоставувам дека сме имале одлични претседатели што биле гејови“ - одговорил Бутиџеџ.


Според неговите зборови, речиси е извесно дека и пред него имало геј претседател, но тоа не го покажувале отворено и дека сите освен двајца биле венчани.

Според студиите на правниот факултет во Калифорнија, од 2018-та година во САД, околу 4.5 отсто од популацијата се LGBT. „Мојот геј радар не работи толку добро во сегашноста ниту пак ретроактивно. Но, може само да се претпостави дека тоа било случај“ - изјавил Бутиџеџ.

Бутиџеџ, кој е градоначалник на градот Саут Бенд во Индијана, се декларираше како хомосексуалец во 2015-та година пред вторпат да биде избран за градоначалник. Тој е во брак со професор во средно училиште, Честен Глезман, кој ќе стане првиот џентлмен доколку Бутиџеџ победи на претседателските избори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг