Бриселски шамар за Албанија: Утре се зборува за влегување на нови членки во ЕУ, а Албанија не ја споменува никој

Точка

17/06/2019

20:39

6.705

Големина на фонт

а а а

Шефовите на дипломатиите на Европската унија утре во Луксембург ќе ги усвојат заклучоците за понатамошната политика за влегување на нови членки и извештаите на Европската комисија за реформите на Западен Балкан, но одлуката за преговори со Скопје, како што се очекува, се одложува за есен.

Како што изјавиле за "Beta" службеници од Советот за Министри на ЕУ, иако денес на подготвителниот состанок на амбасадорите на ЕУ на дневен ред не било ставено и прашањето за отворање на ново поглавје во преговорите со Србија, иако за тоа станувало збор на пониско ниво, во Комитетот за Западен Балкан. Министрите на ЕУ би требало тоа сепак да го разгледаат и дипломатите во Брисел наведуваат дека можеби едно поглавје во преговорите за членство на Белград би можело да биде отворена на меѓувладината конференција ЕУ-Србија кон крајот на месецот. 

Службениците во Брисел додале дека истовремено за есен се одложува одлуката за датумот за отпочнување на преговори со Македонија, додека повеќе земји сметаат дека поради политичките судири и проблемите со организираниот криминал, Албанија тоа нема да го добие. Холандија од Европската комисија побарала да го стави надвор од сила режимот без визи за влез на државјани на Албанија во шенгенскиот простор на Унијата.

Меѓу членовите на ЕУ нема согласност да се поттикне процесот за проширување, со оглед на тоа дека некои клучни партнери во Унијата стојат на ставот дека најпрво мора од внатре да се стабилизира и зацврсти ЕУ, вклучувајќи ги и последиците од излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Воедно се води сметка и за тоа дека кон влегувањето на нови земји во Унијата постои очигледен отпор во политичките сили и меѓу граѓаните на голем број членки на ЕУ.

Италијански "Sole 24 ore" пишува дека во многу земји на ЕУ растечкиот уплив на екстремни партии ги наведува тамошните влади на поостри националистички ставови. Sole 24 ore ја пренесува изјавата на еден европски дипломат дека внатре во ЕУ настанале многу пукнатини, така што сега, за разлика од 2018-та, кога против почеток на преговори со Албанија и Македонија биле Франција и Холандија, бројот на такви земји се зголемил и сега воздржани се и Германија, Данска, Белгија, Луксембург и Шпанија.

"И самите разговори за проширување се донесени во прашање", додава тој дипломат и објаснува дека многу членки стравуваат дека со зелено светло за две нови земји ќе порасне и упливот на националистички сили.

И уште повеќе од тоа, поради влегувањето на нови земји, Унијата со 28 членки станала тешка за управување и на влезот на две нови членки се гледа со загриженост.

Sole 24 ore го цитира мислењето и на други службеници и дипломати на ЕУ, дека "сега во многу членки во Унијата во втор план се ставаат геополитичките причини за проширување на Балканот, а преовладуваат националистички причини и стравови од дестабилизација на Унијата".

За Западен Балкан ќе разговараат и свое мислење ќе дадат и шефовите и владите на Унијата во четврток и петок, на 20-ти и 21-ви јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг