Реднап посочи што очекува од Лампард во Челси

Дерби

17/06/2019

19:30

1.920

Големина на фонт

а а а

Челси е во потрага по нов тренер по заминувањето на Маурицио Сари, а најсериозен кандидат за таа функција е легендата на клубот Френк Лампард.

Лампард одлично се снајде во Дерби Каунти, тим кој не сака да се откаже од неговите услуги, но повикот од „сините“ може се да промени. Во наредните часови, денови се очекува да има подетални информации на оваа тема, меѓутоа според искусниот Хари Реднап се освен промовија на Лампард на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде големо изненадување.

-Ќе биде големо изненадување ако Лампард не ја добие работата. Мене ми изгледа дека тоа ќе се случи, ќе биде брилијатно за него. Штета за Дерби и Морис кој му даде шанса која одлично ја искористи. Ама тоа е одличен потег, тој е апсолутно идолизиран во Челзи – вистинска легенда. Ја знае играта, знае за што се рбаоти, има допир на класа…ќе биде одличен. Има тим со кој сигурно ќе заврши во топ 6, -рече Реднап за „токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг