Салах на два пати го „шина“ противничкиот голман и стана хит на социјалните мрежи

Дерби

17/06/2019

17:14

2.707

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Египет ги има последните подготовки пред африканскиот Куп, а на вчерашниот пријателски натпревар против Гвинеа победи со 3:1.

Головите за „фараоните“ ги постигнаа Мохсен, Ахмед Али и Габер, но потегот на вечерта го имаше првата ѕвезда на репрезентацијата, Мо Салах.

Фудбалерот на Ливерпул буквално му ја „скрши кичмата“ на противничкиот голман успевајќи на два пати да го легне на земја пред да упати удар кон голот. За негова жал топката заврши во стативата, но се одби до Габер кој го постави конечниот резултат на натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг