Пендаровски: САД ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во август

Нетпрес

17/06/2019

17:12

323

Големина на фонт

а а а

Претседателот на државата и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски се обрати на присутните на денешната најголема воена вежба во историјата на земјава – „Одлучен удар“.

Со 2 700 припадници, од шест држави, заедно со Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора ги усогласуваме нашите сили како вистински сојузници, разменуваме знаења и ја зголемуваме меѓусебната доверба. Колективната одбрана која се остварува преку интероперабилност, интегрирање на конвенционалните и силите за специјални операции на повеќе држави е особено важна за времето во кое живееме, истакна тој.

Toj порача дека очекува САД да го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО во август.

Ветувањето од таа страна е дека најверојатно пред да се распушти Конгресот во август, ќе имаме целосна ратификација, што значи дека одиме со одлично темпо кон самитот закажан за 4 декември во Лондон кадешто со право очекуваме да станеме полноправна членка и да ги користеме сите напори кои ги правеше нашата држава не само во сферата на одбраната и во безбедноста, туку и во полето на политиката. Да покажеме дека и политички и безбедносно и со одбранбените реформи, заслуживме да станиме членка на најмоќната воено политичка алијанса во историјата на човештвото, рече Пендаровски.

Како што подвлече Пендаровски, преку долгогодишното искуство во меѓународните мисии нашата Армија се трансформираше во современа армија, компатибилна со нашите НАТО партнери.

Членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност и просперитет и наш придонес кон регионалната и глобалната безбедност. Четири од петте држави кои денеска учествуваат на оваа воена вежба веќе го ратификуваа протоколот за членство на Македонија во НАТО. Им благодарам и очекувам и другите земји-членки да завршат со процесот што поскоро за да можеме оваа година да станеме 30-та земја членка на најуспешната политичко-воена алијанса, изјави тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг