Како „Ѕвездените патеки“ стигнале до Црвената Планета?

Точка

17/06/2019

17:23

2.130

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција НАСА, воочила необичен облик на површината на Марс кој потсетува на логото од познатата телевизиска серија „Ѕвездени патеки“.

Иако тие интересни облици изгледаат како навистина да се втиснати на површината на Марс, НАСА вели дека нив “не ги втиснала Ѕвездената флота“ туку дека е чиста случајност во прашање.

Како што пренесуваат од „Independent“, фотографијата која ја направила камерата на НАСА, HiRISE, прикажува природен феномен кој укажува на тоа како Марс се развивал во текот на својата историја.

Во далечното минато, на Марс се наоѓале огромни дини кои се движеле на неговата површина. Доаѓало и до чести ерупции поради тоа што и лавата се движела околу дините, но не достигнувала до нивниот врв.

Затоа, кога лавата станала цврста, дините почнале да личат на своевидни острови околу кои се наоѓало многу песок.

Целиот процес оставил специфичен површински релјеф на Црвената планета поради што денес можно е да се видат разни облици кои потсетуваат на втиснати симболи или знаци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг