Карачиќ со спектакуларен гол ја однесе Босна и Херцеговина на Европското првенство

Дерби

17/06/2019

17:02

2.641

Големина на фонт

а а а

Босна и Херцеговина за прв пат во својата ракометна историја ќе учествува на еден континентален собир откако со 24:23 победија на гостувањето во Чешка и се изборија за третата позиција на табелата во групата 5 која ги однесе директно на Европското првенство.

Стрелец на погодокот вреден пласман на првенството што ќе се игра следната година беше братот на Игор Карачиќ, Иван кој испали една бомба и го матираше домашниот голман на 30-тина секунди до крајот на средбата.

Во следниот напад домашниот тим не успеа да реализира, па започна славјето на клупата на босанската репрезентација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг