Погба најави заминување, но Манчестер Јунајтед има поинакви планови…

Дерби

17/06/2019

16:59

1.445

Големина на фонт

а а а

Пол Погба вчера и официјално излезе со изјава со која најави заминување од редовите на Манчестер Јунајтед во овој летен преоден рок.

Јасно е дека францускиот фудбалер веќе не сака да го носи дресот на „црвените ѓаволи“ и е блиску до второ заминување од „Олд Трафорд“ во кариерата.

Сепак, еминентниот „Скај Спортс“ пренесува дека од раководството на Манчестер Јунајтед, на чело со Оле Гунар Солскјер очекуваат Пол Погба да остане во клубот и следната сезона.

Норвежанецот го посочил Погба како клучна алка за својот тим за следната сезона и дал до знаење дека не планира лесно да се откаже од статистички најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед за минатата сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг