Парагвајскиот тренер после дуелот со Катар: Никогаш не сум видел во Европа да повикаат некој американски тим...

Точка

17/06/2019

16:56

1.763

Големина на фонт

а а а

Репрезентациите на Катар и Јапонија добија специјални покани за настап на Копа Америка, а синоќа Катарците го одиграа својот прв натпревар во ова јужноамериканско натпреварување против Парагвај.

Иако беше фаворизирана репрезентацијата на Парагвај, сепак дуелот заврши без победник, 2:2, а по натпреварот, своето разочарување не го криеше селекторот на Парагвајците, Едуардо Беризо.

„Никогаш не сум видел во Европа да повикаат некој американски тим да игра на Европско првенство или слично. Можеби звучи глупаво што одигравме натпревар против Катар. Мислам дека Копа Америка треба да биде само за репрезентациите од Јужна, Централна и Северна Америка“, изјави Беризо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг