Него брутално го убија нацистите, а ќерка му се заљубила во еден од нив: Скандал ја “здрма“ моќната германска компанија, а приказната крие мрачна тајна

Точка

17/06/2019

16:55

3.313

Големина на фонт

а а а

Емили Ландекер имала 19 години кога заминала да работи за германската компанија „Benckiser“, која се занимавала со производство на средства за чистење, а исто така тајно ги “чистела“ и своите работници, цврсто залагајќи се за чистокрвна ариевска раса.

Во 1941-та година, г-ѓа Ландекер, чиј татко Евреин бил убиен од страна на нацистите, и нејзиниот нов шеф, г-дин Рајман, претходен ученик на Адолф Хитлер и безусловен следбеник на теоријата на нацистичката раса, се заљубиле еден во друг.

Десет години по Втората Светска војна, „Benckiser“ се развила во една од најголемите компании на планетата. Денес позната како „JAB Holding“ и сè уште под контрола на семејството Рајман, вреди повеќе од 20 милијарди долари и поседува многу брендови за кафе и крофни.

Односот помеѓу Рајман и Ландекер била тајна многу години, затоа што Рајман во тоа време бил оженет. Тој и Ландекер имале три деца, а денес две од нив поседуваат речиси половина од уделот во компанијата. Тие велат дека со децении не знаеле за нацизмот на нивниот татко и злоупотребите кои се случувале во компанијата која ја наследиле. Нивните родители никогаш не зборувале за тоа, документите се уништени или заклучени во сеф, а историјата за компанијата од двете светски војни се запишала само на неколку страници.

Како што компанијата растела и се ширела низ цел свет, нејзиното минато повеќе не можело да се крие. Дури сега, 74 години подоцна, компанијата се бори со својата темна страна. Независниот научник од Универзитетот во Минхен, Пол Еркер, ја презел задачата да ја отвори архивата, а првите наоди за злоупотреба врз работниците во компанијата излегле во германските таблоиди во месец март оваа година.

Во серија интервјуа за „Њујорк Тајмс“, членовите на семејствата ја откриле приказната за таткото Евреин и нивната мајка, и одлучиле да споделат дел од приватното богатство за сеќавањата на него. Издвоиле донација од 10 милиони евра на институциите кои помагаат на поранешните присилни работници и нивните семејства. Основале и фондација која ќе ги финансира проектите кои ги почитуваат спомените на жртвите од Холокаустот и нацистичкиот терор, а постојат планови и за финансирање на најмалку една универзитетска катедра во Германија во име на господинот Алфред.

Во јули 1937-ма година, Алберт Рајман напишал писмо за Хајнрих Химлер, водачот на „SS“, кој подоцна ќе го надгледува Холокаустот, во кое наведува дека „сопствениците на компанијата се следбеници на теоријата на расите“. Тие го прифатиле антисеминизмот многу претходно откако нацистите дошле на власт и направиле компании со нацистички принципи. Господин Рајман бил претседател на комерцијалната комора која помогнала во експропорциите и истерување на еврејските бизниси. Од 1940-та година почнале за принудна работа да користат мажи и жени кои биле протерани од своите домови на териториите кои биле окупирани од нацисти.

Рајман бил уапсен еден ден по завршување на војната, но благодарение на писмото кое било напишано до командантот во кое ги отфрлил тврдењата дека е нацист, инсистирајќи дека всушност тој е жртва, успеал да ги продолжи своите работни активности затоа што бил класифициран како следбеник на нацизмот, а не како активен нацист. Неговите деца тврдат дека тој им зборувал дека работниците всушност многу ја сакале компанијата и секогш кога требало да си одат плачеле. Ландекер била на работа кога Гестапо дошол по нејзиниот татко. Тој сам ги чувал трите деца и се погрижил да бидат крстени како католици, како нивната покојна мајка. По затворањето тој барал начин да побегне во Америка. Откако бил депортиран, неговата ќерка продолжила да работи во фирмата каде што станала работник од доверба. Никој не знае кога почнала нивната љубов, но во 1951-та година се родило нивното прво дете.

Во 1965-та година Рајман формално ги посвоил нивните деца затоа што сè уште бил оженет. Нивните деца знаеле дека дедо им е убиен од страна на нацистите, но до таа година не знаеле дека нивниот татко бил нацист.

Речиси секоја германска компанија која постои долго време има своја приказна за нацистичката ера. Многумина за тоа ништо не знаат. Нацистичките откритија ги вознемириле најмладите членови на семејството Рајман кои одлучиле да ја преименуваат својата фондација во фондација на нивниот дедо која го чува споменот за него и за сите жртви на Холокаустот.

Денес богатството на ова семејство е проценето со 33 милијарди долари, а на листата на најбогати семејства во Германија го заземале второто место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг