Ѕвездата на Реал се пожали од Италијанците: Со удари и клоци не извадија од игра

Дерби

17/06/2019

16:24

1.030

Големина на фонт

а а а

Европското првенство до 21 година стартуваше со големото дерби меѓу Италија и Шпанија, а иако „фуријата“ рано поведе со фантастичниот гол на Себаљос, „аѕурите“ одговорија на најдобар можен начин, правејќи пресврт со кој стигнаа до значајна победа.

Киеза со двата гола одигра главна улога во триумфот од 3:1, а ако Италијанците беа презадоволни од реакцијата и прикажаната игра по примениот гол, младата ѕвезда на Реал која беше и најдобра на теренот се пожали за пристапот на противниците. Себаљос не беше воодушевен од играта на Италијанците, па по натпреварот порача дека со жестоки стартови и агресивна игра успеале да ги извадат од ритам.

– Реалноста вели дека нашите први 25 минути беа фантастични, но потоа врз основа на удари и клоци не извадија од игра. Тоа не е начинот на кој јас сакам да добијам еден меч, но тие така подобро се снајдоа и на крајот заслужено победија. Тешко е да се загуби на првиот меч, но сега мораме да се рестартираме за мечот со Белгија, – изјави Дани Себаљос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг