Иран до крајот на месецот ќе го надмине лимитот на резерви за ниски збогатен ураниум, кој е предвиден со нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, и тоа за 300 килограми, изјавил претставникот на Организацијата за нуклеарна енергија на Иран, Бехруз Камалванди.
"Денес почнува одбројувањето до моментот за пречекорување на лимитот за збогатен ураниум до 300 килограми, кое ќе се случи во рок од 10 дена. Со други зборови - на 27-ми јуни, ќе го надминеме тој праг", рекол претставник на Организацијата на прес-конференција со локални новинари во иранскиот објект за тешка вода Арак, што во живо било пренесувано на иранската државна телевизија.
Тој предупредил дека Иран има потреба за збогатен ураниум до 20 проценти, што е само чекор од нивото за изработка на нуклеарно оружје, пренесува "AP".
Behrouz Kamalvandi, spokesman for Iran's atomic agency, acknowledges country already quadrupled production of low-enriched uranium pic.twitter.com/5Cu7VD1u5X
— TRT World Now (@TRTWorldNow) June 17, 2019
Камалванди рекол дека Иран веќе за четири пати го зголемил производството на нискозбогатен ураниум и рекол дека Техеран ќе го зголеми нивото на збогатување на ураниум "на основа на потребите на земјата". На Иран му се потребни пет проценти збогатување за нуклеарната електрана во јужното пристаниште Бушер, а 20 проценти збогатување за истражувачкиот реактор во Техеран.
Техеран соопштил дека ќе ја намали складноста со меѓународниот нуклеарен договор кој е постигнат со светските сили во 2015-та година во знак на протест поради одлуката на САД да се повлече од договорот и повторно да им воведе санкции.