Кире Лазаров трет стрелец во квалификациите за ЕУРО 2020

Макфакс

17/06/2019

14:23

1.045

Големина на фонт

а а а

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е трет стрелец во квалификациите за ЕУРО 2020.

Тој е најдобар стрелец на 6-те квалификациски натпревари против Грција, Турција и Исланд со вкупно 43 погодоци.

Лазаров зад себе веќе има признанија прв стрелец во квалификациите, но и на завршниот турнир на Европско и Светско првенство.

Најголем број голови во штотуку завршените квалификации постигна средниот бек на Швајцарија, Енди Шмид со 54 погодоци, а втор на листата беше италијанскиот репрезентативец, Деан Турковиќ со 44 гола.

Од нашите репрезентативци бекот Филип Талески ги заврши квалификациите со 29 погодоци, додека крилото Гоце Георгиевски циклусот го заврши со 23 гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг