Пристигнува новиот Ducati Diavel 1260 S

Точка

17/06/2019

14:32

2.107

Големина на фонт

а а а

Првиот Diavel беше претставен пред речиси 10 години и од тогаш овој модел на популарниот италијански производител за многумина е мотоциклот од соништата.

Новиот Ducati Diavel 1260 S пристигнува со помодерен и помоќен изглед, а изразот “Muscle Cruiser” започна да го следи овој модел затоа што станува збор за мотоцикл со моќна машина и “Old School” изглед, кој во комбинација со својата најмодерна технологија ќе ви овозможи да направите огромни километражи.

За погон е задолжен Testastretta L-Twin агрегатот кој развива 160 коњски сили и на возачот ќе му овозможи солидно забрзување и перформанси, иако изгледот е тоа што најмногу импресионира кај овој „нејкед“ мотор.


Како и секој модерен мотоцикл, исто така и моделот 1260 S пристигнува со богата заштитна опрема како контрола на пролизгување, ABS систем и прекрасен дигитален дисплеј на кој возачот ќе ги добива сите потребни информации.


Засега не е откриено кога новиот Ducati ќе се најде во продажба и колкава ќе биде неговата цена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk