Роберто Карлос изрежира невозможен трик пас на „Стемфорд Бриџ“ и го урна интернетот

Дерби

17/06/2019

12:59

2.943

Големина на фонт

а а а

„Soccer Aid“ организацијата изминатава вечер собра безброј големи ѕвезди од минатото на „Стемфорд Бриџ“, хуманитарен натпревар на кој се соочија играчите од Англија и оние од останатиот дел од светот.

Поранешните фудбалски ѕвезди изнудија безброј насмевки кај фудбалските фанови и собраа големи финансиски средства за хуманитарни цели, а на стадионот во Лондон беше видена и една неверојатна бравура која беше дело на Роберто Карлос. Бразилската ѕвезда изрежира еден невозмижен трик пас со пета, магија со која само докажа дека фудбалската класа тешко се губи дури и во ситуација кога веќе неколку години не е активен на терените.

Инаку, натпреварот заврши 2:2 во регуларниот тек, а на пенали победи тимот на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг