Хрватската престолнина синоќа беше погодена од силно невреме проследено со молњи, силен дожд и град.
Во попладневните часови до доцна вечерта Загреб беше зафатен од силно невреме кое ја погоди Славонија и околината каде што, како што пренесуваат локалните медиуми, паѓал град со големина на голф топче.
На “Severe Weather Europe” беше објавена навистина неверојатна фотографија од небото на Загреб кое е „изрешетано“ од молњи.
Големо невреме ја погодило и Далмација каде што биле забележани обилни врнежи на дожд.