Huawei го одложува и претставувањето на своите најнови лаптопи?

Точка

17/06/2019

12:33

1.705

Големина на фонт

а а а

Премиерата на најновите лаптопи на Huawei со Windows оперативен систем требаше веќе да биде одржана, но за жал дојде до одложување.

Засега не е познато кога Huawei ќе ја претстави својата најнова линија на лаптопи, а оваа вест доаѓа откако од компанијата соопштија дека ќе го одложат и претставувањето на првиот флексибилен телефон Mate X.

Наводно новата линија на лаптопи Huawei требало да ја претстават овие денови, но јасно е дека сето тоа е одложено, речиси сигурно поради американските санкции кои против компанијата ги воведе администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Huawei е вториот најголем производител на компјутери на светот по број на испорачани уреди, но кинескиот технолошки гигант веќе подолго време се мачи да влезе на американскиот пазар, каде што се соочува со разни блокади на американската влада и тамошните разузнавачки служби.


Главната причина поради која Huawei се соочува со така големи проблеми во САД е стравувањето на властите од Вашингтон дека електронската опрема која се произведува во Кина би можела да се користи за шпионирање на конкуренцијата.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на државно ниво која им забранува на американските компании соработка и користење на технологиите на Huawei. Набрзо потоа Google, Facebook и други американски технолошки гиганти ги прекинаа врските со Huawei и на тој начин на кинеската компанија ѝ зададоа сериозен удар.

Кинескиот гигант требаше своите нови лаптопи да ги претстави на саемот CES Asia 2019 во Шангај, но тоа не се случи, а после одложувањето од Huawei не објавија кој ќе биде новиот датум за претставувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг