Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27-ми април

Макфакс

17/06/2019

11:35

2.331

Големина на фонт

а а а

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој е осомничен дека е еден од организаторите на насилниот упад во законодавниот дом.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на настан организиран за функционирањето на АКМИС системот, рече дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.

„Целокупното досие од Обвинителството и Судот стасаа минатата недела. Деновиве ќе биде испратено до Будимпешта“, рече Дескоска.

Државата веќе половина година го бара Груевски од Унгарија каде што доби политички азил. Тој избега од државата откако беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“. Експремиерот е обвинет и во други случаи на СЈО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг