Маурицио Сари после само една сезона на клупата на Челси се врати назад во Италија – овојпат ќе биде тренер на Јувентус.
Сари пред да се пресели во Лондон беше тренер на Наполи и токму со Јувентус водеше голема борба за Скудетото во Серија А. Додека беше тренер на Наполитанците, Сари имаше една „интересна“ изјава за лутиот ривал од Торино, која што сега ќе треба да им ја објасни на „Бјанконерите“.
Сари во 2015-та година, на прашањето на новинарите за коментар околу тоа, што мисли за тоа дека судија кој го преферира Јувентус, веројатно ќе суди на одлучувачките натпревари за титулата во Италија, даде интересен одговор.
„Што треба Наполи да направи за да добие пенал? Мора да има дрес со линии“, изјави Сари, алудирајќи на дресот на Јувентус и фаворизирањето на торинскиот клуб од страна на судиите во Италија.