Владата на Хонг Конг им се извини на граѓаните поради спорниот закон: Погледнете како изгледаа масовните протести од воздух

Точка

17/06/2019

09:30

2.894

Големина на фонт

а а а

Владата на Хонг Конг вчера им се извини на граѓаните поради спорниот закон за екстрадиција на граѓаните во Кина, закон кој предизвика масовни улични протести во текот на минатата седмица.

Како што стои во соопштението на Владата на Хонг Конг, недефинираните недостатоци во работата на Владата „довеле до значителни контроверзии и конфликти во општеството, што предизвикало разочарување и жал меѓу луѓето“.

Шефицата на владата на Хонг Конг, Кери Лам им се извини на граѓаните на Хонг Конг, истакнувајќи дека ќе ги прифати критиките и ќе се обиде да се подобри во служењето на народот.


Десетици илјади граѓани и вчера повторно излегоа на улиците на Хонг Конг после суспендирањето на процедурата за усвојување на спорниот закон за екстрадиција на граѓаните на Хонг Конг во Кина.


„Нашите барања се едноставни, Кери Лам мора да се повлече од власт, законот треба да биде повлечен, а полицијата мора да се извини поради прекумерната употреба на сила над сопствениот народ за време на протестите“, изјави еден од демонстрантите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг