Аргентина и Уругвај останаа без струја: 48 милиони луѓе во мрак, никој не знае што се случило

Точка

16/06/2019

16:20

8.392

Големина на фонт

а а а

Аргентинските медиуми пренесуваат дека според првичните проценки, околу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останале без електрична енергија.

Денес во околу 7 часот по локално време, поради пад на електричната мрежа во Аргентина и Уругвај, како и делови од Бразил и Парагвај останаа без електрична енергија. Големиот дефект резултираше со застој во железничкиот сообраќај, а во поголемите градови настанал вистински сообраќаен хаос со оглед на тоа што сите семафори и метро станици престанале да работат.

Засега нема официјални информации зошто се случи толку голем проблем кој остави во мрак дури 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај.

Во Аргентина без струја останале повеќето од поголемите покраини, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес. Инаку, интересно е тоа што во оваа земја денес се одржуваат локални избори.

Жителите не знаат зошто останале во мрак, а некои преку социјалните мрежи испратиле повик за помош. Татко се пожалил дека неговата мала ќерка има треска и висока температура, а со оглед на тоа што живеел на 39-ти кат, не можел да се симне до најблиската аптека.

##https://twitter.com/NicRigl/status/1140203351923204098##



Спонзорирани линкови

Маркетинг